ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При сообраќајна контрола на месноста „Битолска раскрсница“, во близина на Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувал 48-годишникот.
Според полициските информации, при контролата тој фрлил марихуана низ прозорецот на автомобилот. Марихуаната била пронајдена и одземена, а по преземените мерки против лицето била поднесена кривична пријава.