Градежништвото бележи раст во сите осум квартали од јули 2024 до јуни 2026 година, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Според прикажаната пресметка, просечниот квартален реален раст во овој период изнесува 14,1%, без ниту еден негативен квартал.

Во претходниот анализиран период од 29 квартали, просекот изнесувал −0,2%, што претставува разлика од 14,3 процентни поени. Сегашните статистики се однесуваат на двегодишниот период на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претходниот период на владите на ДУИ и СДСМ.

Во вториот квартал од 2026 година, според податоците што ги наведува, реалниот раст на градежниот сектор изнесува 21,9%, додека кај нискоградбата достигнува 48,9%.

Кај нискоградбата, просечната реална годишна стапка во анализираните осум квартали изнесува 26,1%, наспроти −3,2% во претходните 29 квартали. Разликата меѓу двата просека е 29,3 процентни поени.

Според методолошкото објаснување на ДЗС, нискоградбата опфаќа градежни работи на објекти кои со главниот дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата. Во овој контекст тој ги посочува патиштата, автопатите, мостовите, тунелите и другата крупна инфраструктура.

Инфраструктурните и капиталните зафати се главен двигател на растот и тие бројки ја одразуваат реализацијата на конкретни проекти и активни градилишта, кои создаваат трајна вредност и услови за побрз економски развој.