На 08.11.2026 година во 16:35 часот, од Интерното одделение при Клиничката болница Тетово било пријавено дека кај нив е донесено лице без знаци на живот. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот, каде што лекар констатирал смрт кај лице на возраст од 37 години од Тетово.
Според првичните сознанија, смртта настапила во неговиот дом, а на телото не биле забележани траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, кој дал наредба за обдукција.