На 05.11.2026 во 14:10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница лишија од слобода лице (28) од с. Јакимово, виничко, затоа што при извршен преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана, а подоцна е извршен и претрес во неговиот дом, по наредба на основен суд Виница, при што во неговата облека се пронајдени и одземени остатоци од марихуана.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.