Прес конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ:
Мицкоски e во паника поради вистината за Алта банка. Приказната почна да се одмотува.
Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ.
Затоа Мицкоски се заканува на СДСМ на владини прес конференции и го повикува обвинителството да не гони.
Таму си постави свои луѓе кои му работат на повик и по желба.
Кога Мицкоски зборува за „саботажа“ и „загрозување на уставниот поредок“ по Член 315 од КЗ правно да му објасниме која е вистината:
1.Законското битие на делото подразбира дејствие кое мора да произлегува од злоупотреба на работното место/обврската што едно лице ја има кон субјектот што се оштетува, со намера да се сруши уставниот поредок.
2.СДСМ нема никакви извршни функции во институциите врзани со влезот на Алта за да можат да ги саботираат одвнатре. Ниту нашите јавни прес-конференции кои претставуваат транспарентно политичко дејствување се акт против државата.
3.Бидејќи „саботажа“ произлегува од злоупотреба на работното место или обврската што одредено лице ја има кон субјектот што се оштетува, тогаш повторно доаѓаме до Мицкоски и Славевски.
Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем.
Носењето потенцијално штетни одлуки од позиција на моќ и влијание внатре во институциите е суштина на членот 315.
Значи со „саботажа“кај Мицкоски работи Фројд.
Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата.
Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка.
Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција.
Александар Вучиќ – „Оскар“, како што е препознаен како шеф на балканскиот нарко картел во Sky преписките, во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот го презеде управувањето со државата.
Донесе соработници на БИА во владата на Македонија. Да ги застапува руските интереси.
За сето ова Мицкоски знае дека ќе одговара еден ден.
Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок.
Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог.
Вучиќ си го чува капиталот и си прави отстапница. Во Србија во моментов се апсат сите во полицијата што учествувале во такви нарачани апсења.
Мицкоски, на Вучиќ ова не му успеа, а тебе уште помалку.
Ќе одговараш за секој украден денар и за оваа изолација на земјата.
За сè она што им го одзеде на младите и на иднината. За тоа што го загрози финансискиот систем и пензиите. За тоа што работниците се понижени.
Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата, а судството и медиумите се под политичка опсада.
Шефот Вучиќ се тресе, а и ти со него. Правдата доаѓа по своето.
Доаѓа тоа време, знаеш и ти самиот.