На 03.11.2026 во 13:30 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишија од слобода 17-годишник од Штип, затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот се известени јавен обвинител и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Штип и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.