На Попова Шапка утрово се измерени нула Целзиусови степени, најниска температура меѓу објавените мерења на УХМР. Во Маврови Анови е измерен еден степен, а во Лазарополе и Крушево по два.

Во последните 24 часа до 7 часот, најмногу дожд наврнал во Кавадарци, 15 литри на квадратен метар. Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри.

За денеска се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува северозападен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.