Криминалниот картел се распаѓа, а со Алта банка Пандорината кутија е отворена, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција. Фрчкоски посочи дека институциите во Македонија не смеат повеќе да молчат и да ја игнорираат опасноста за финансискиот систем.

Тој предупреди дека по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија, оправдан е стравот на граѓаните и компаниите кои имаат сметки во банката во Скопје која е во речиси целосна сопственост на српската банка и побара од институциите да реагираат.

„Денес се поставува прашањето: што ќе биде со Алта банка во Македонија кога е во речиси целосно сопственост на српската банка? Во Битола има редици од луѓе пред банката. Граѓаните се вознемирени, фирмите, компаниите.Наместо да молчат, институциите мора да реагираат веднаш. Бараме од Народната банка уште денес да ги преземе сите законски мерки. Бараме од обвинителството уште денес да поведе кривична постапка против Мицкоски, против гувернерот Славески и против сите што учествуваа во процесите околу Алта банка.Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува. Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега се ред на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ. Криминалниот картел се распаѓа“, рече Фрчкоски.

Тој потсети дека СДСМ 11 месеци предупредува за работењето на Алта банка, но и покрај сите реакции и укажувања, Народната банка и Обвинителството не презедео ништо.

„11 месеци наназад го најавуваме токму ова што денес се случува со Алта банка. Реагиравме, предупредувавме, баравме реакции. Алта банка а.д Белград беше систем за перење пари, украдени од граѓани, пари од криминал и корупција. Финансискиот систем во Македонија сега загрозен затоа што Мицкоски ги постави своите лични интереси и интересите на бандата пред интересите на граѓаните на Македонија. За ова мора да се одговара. Не смее Народна банка и Обвинителство да молчат и да се прават како ништо да не се случува“, рече Фрчкоски.

Фрчкоски посочи дека сериозноста на случајот се потврдува и со случувањата во Србија, каде што Алта банка ја изгуби дозволата за работа и замина во стечај, и таму веќе се бара истрага за тоа кој знаел за проблемите и зошто не реагирал, а кај нас Народната банка не презема ништо.

„Вицегувернерите бараат обвинителството да отвори истрага кој знаел за проблемите и зошто не реагирал. Обвинителката Савовиќ вели: Алта банка служела отприлика за перење на нелегален капитал на оваа држава.Предметот е отворен во однос на сопственикот и директорот. Сопственикот на банката подигнал во Трезорот 37 милиони евра во кеш со дозвола на гувернерот. Фалат 20 отсто од депозитите на банката. Во банката влегол ЕУРОЏАСТ. А Народна банка кај нас не презема ништо“, рече Фрчкоски.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=8E77qYW_k9Y

фото/видео СДСМ