На 30 октомври 2026 година, во 11:50 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 82-годишен жител на градот, постапувајќи по претходна пријава за физички напад врз неговата 72-годишна сопруга.
Според пријавеното, мажот физички ја нападнал сопругата во нивниот дом, при што употребил дрвен предмет и ѝ упатувал закани. Предметот што бил употребен при нападот бил пронајден и одземен од полициските службеници.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против 82-годишниот велешанец ќе биде поднесена соодветна пријава.