На 31 октомври 2026 година, во 01:35 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 26-годишен жител на Кичево, кој претходно на булеварот „Ослободување“ бил агресивен кон полициски службеници додека преземале службени дејствија.
При извршениот преглед, кај 26-годишникот биле пронајдени и одземени малокалибарски пиштол, калибар 22 милиметри, и 31 куршум, кои ги поседувал нелегално.
По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.