Историски успех во Лондон: Македонскиот бренд „Приказна“ на DAZ Distillery освои злато со 96 поени на престижниот IWSC!

Македонската дестилерија DAZ Destilerija DOO постигна огромен меѓународен успех на светскиот натпревар во Лондон – IWSC 2026. Нивниот премиум дестилат Prikazna Muskat Hamburg Wine Brandy освои златен медал со високи 96 поени во исклучително силна конкуренција од над 12.000 примероци од целата планета.

IWSC (International Wine & Spirit Competition) со својата 48-годишна традиција важи за „Оскар“ во светот на пијалаците, каде што оцените се доделуваат по строги критериуми и слепи дегустации од страна на најеминентните светски експерти. Овој успех ја позиционира Македонија на мапата на производители на врвни, луксузни дестилати кои успешно им пркосат на најголемите светски брендови.

Од менаџментот на дестилеријата порачуваат дека ова признание е круна на нивната напорна работа, посветеност на квалитетот и љубовта кон традицијата, докажувајќи дека секоја капка од нивниот пијалак навистина раскажува една успешна македонска приказна.

фото ДАЗ ДЕСТИЛЕРИЈА / пр фотографија