На 09./10.10.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице на возраст од 29 години, лице на возраст од 22 години, лице на возраст од 32 години, лице на возраст од 25 години, лице на возраст од 19 години, лице на возраст од 22 години и 17-годишен малолетник, сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.