На 09.10.2026 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ш.(72) од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки управуван од 16- годишен малолетник од с. Алинци, прилепско.

По несреќата малолетникот е пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.