Соопштение на СДСМ:
Пак Дубаи. Пак Бугари. Пак Харис. Пак згради во Дубаи. Истата машина. Нема документ. Нема демант за патоказите за другите земји. Има „таен договор“ и „ново предавство“. Класично бегство.
Единствените тајни договори ги прави арамијата Мицкоски.
За компании. За рудници. За историската комисија. Сè е тајна кај македонската Коза ностра наречена ВМРО-ОКГ.
Прашањето не е Филипче. Прашањето е зошто Македонија е изоставена од акционите планови на Унијата, а Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина добиваат пат.
Затоа што реформите стојат. Втор рок истече. 1 јуни беше ветување. Ништо, ниту глас.
Судство на телефон. Обвинител партиски. Извештајот на ЕК катастрофален.
Арамијата и бандата не сакаат ЕУ. Затоа што ЕУ носи правила. Закон којшто важи за сите. Независни институции. Слобода на медиуми.
Нема Орбан–Вучиќ медиуми. Нема министри што работат за други држави. Нема броила Адамовиќ–Лазаревиќ.
Нема дванаесет недели без извештај за вода. Нема ходник-дипломатија платена од приватни фирми. Нема часовници од 60.000 евра и костими од 10.000 евра без доказ за потекло на имот.
Нема нов авион додека народот нема за леб. Нема патувања за стрини и тетки во Америка. Нема приватни фирми во Бугарија. Нема увоз на струја и провизија на киловат. Тоа касата не го поднесува.
Затоа Франција, војни, Исланд, Ле Пен – сè освен нивниот извештај.
Затоа „патриоти“ со бугарски пасоши другите ги обвинуваат за Бугарија.
Гебелс шема: обвини го другиот за тоа што го правиш сам.
Затоа Спутник ЗНАМ и ЗНАМ втора верзија работат за 1,6 милиони евра тендери. Затоа кафеански реформи. Затоа левичари на десна идеологија во заштита на руски интереси.
СДСМ го кажува едноставно: прво институции, прво заслуга, па врата. Тие ја затворија вратата и сега ја бараат вината кај опозицијата.
Нема таен договор. Има јавна изолација.
Бандата не ја примаат во Унијата ниту пак Унијата влегува кај банда.
Има само еден договор на проф. д-р Венко Филипче. Договор со народот: власта да се врати во рацете на граѓаните, а оваа власт да одговара пред независно судство и европско обвинителство.
Тој договор е јавен.
Наскоро и остварлив.
Доаѓа време на вистина и правда.