На 27.09.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на локалниот пат Струмица- с. Просениково, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од маж(48) од село Просениково, струмичко, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.