Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утрото ќе биде свежо, а на места и студено, со минимални температури од околу 1 до 9 степени. Најниски вредности се очекуваат во источните делови.

Во текот на денот ќе биде значително потопло. Максималните температури ќе се движат од 18 до 26 степени. Во западните подрачја ќе биде околу 18 до 22 степени, во централните делови до 25 степени, додека најтопло ќе биде на југоистокот со температура до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.