Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 38 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. T=36°C. P=981hPa. U=32%. V=4m/s.