Во летните месеци, високите температури и засиленото потење доведуваат до губење на вода и важни електролити. Освен натриумот и калиумот, се губи и магнезиумот, кој учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот и е неопходен за нормална функција на мускулите, нервниот систем и срцето.

Недостатокот на магнезиум може да се манифестира со мускулни грчеви, замор, слабост, раздразливост, главоболка и намалена физичка издржливост. Ризикот е поголем кај лица кои интензивно се потат, спортуваат, работат на високи температури или не внесуваат доволно течности.

Одржувањето на хидратација, електролитен баланс, престој во ладна средина и избегнување изложеност на екстремна топлина се главните превентивни мерки.
За одржување на добар електролитен баланс во текот на летото се препорачува: редовен внес на доволно течности, исхрана богата со магнезиум (јаткасти плодови, семки, зелен лиснат зеленчук, интегрални житарки и мешунки), надоместување на електролитите при обилно потење или продолжена физичка активност со додатоци во исхраната.
Притоа е важно да одбереме магнезиум кој добро се апсорбира во телото, магнезиум цитрат (со 5 пати поголема апсорпција во однос на други форми), бидејќи во лето со потењето брзо го губиме и магнезиумот. Се препорачува таблета со 500 милиграми на магнезиум цитрат, која исто така содржи и 15 милиграми цинк пиколинат и витамини од Б комплексот.

Цинкот е одличен антиоксиданс и помага да се намали оксидативниот стрес и оштетувањето кое го доживуваат клетките кога се прегреваат со што го штити и срцето и мозокот а ќе помогне и во одржување на имунитетот.

Додека витамините од Б комплексот, Б3, Б5 и Б6 помагаат на телото да ја сочува и подобри енергијата, да го намали стресот и да помогне во опуштањето.

Оваа синергија на магнезиум, цинк и Б комплексот е најдобра заштите за организмот од последиците на жешкото време. Помага да се одржи рамномерната работа на срцето, мирниот и стабилен ритам без аритмии, и да се сочува циркулацијата и нормалниот притисок.
Соодветната хидратација, заедно со доволен внес на магнезиум и други електролити, е едноставен, но важен чекор за превенција на дехидратацијата, мускулните грчеви и нарушувањата на електролитниот баланс во текот на летните денови.