Во јуни наплативме приходи од 12,68 милијарди денари, со што поставивме нов рекорд во месечната наплата на приходи од основањето на Царинската управа, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организирана по повод двегодишен отчет од работата.
На месечно ниво, во јуни, наплатата е зголемена за 37,9 милиони евра, што претставува раст од 22,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година. На кумулативно ниво, од почетокот на годинава, наплатата на приходи е зголемена за 63,3 милиони евра во однос на лани.
„Ова е историски највисока месечна наплата на приходи, при што е надминатo и претходното највисоко остварување од јули минатата година. Ги затегнавме чешмите од сите страни и во континуитет постигнуваме резултати коишто овозможуваат одржлив економски раст“, истакна Николовски, притоа заблагодарувајќи ѝ се на министерката за континуираната поддршка.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...