Комисијата за одбрана и безбедност на 42. седница на 12 јуни 2026 година (петок), во 10:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за оружјето.

Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција.

Комисијата покани претставници од различни институции, организации и експерти од областа на одбраната и безбедноста да учествуваат на седницата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.