Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2.07 %, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 %.

Почнувајќи од првото тримесечје од 2026 година, согласно со регулативите на ЕУ и препораките на Евростат, податоците за слободните работни места се објавуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. наместо според НКД, рев. 2, соопшти Државниот завод за статистика.