Цените на услугите во одделот Услуги за копнен и цевководен транспорт во првото тримесечје од 2026 година пораснале за 6.7 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2026, во споредба со првото тримесечје од 2025 година, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 %.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 4.2 % во одделот Телекомуникации.

Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).