Во САД моментално има над 7 милиони пријавени случаи на заразени луѓе од Ковид-19.

Основачот на „Micsrosoft“, Бил Гејтс, знае често да ја коментира состојбата со коронавирусот во САД, а последното нешто кое што го изјавил е тоа што мисли дека ситуацијата ќе се влоши и тоа многу, во наредниот период.

„Ќе биде полошо од претходно“ – изјавил Гејтс за „Politico“, па додал:

„Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци за поголемо пренесување на вирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, сè што имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски…“ – изјавил Гејтс.

Инаку, во САД има над 7 милиони потврдени случаи на Ковид-19, а најмалку 210.000 луѓе починаа како последица на вирусот. Дури во 26 држави во САД моментално прогласена е „цвена зона“, кога станува збор за потврдени нови случаи оваа седмица, а 24 држави се во „жолта зона“.

Гејтс и неговата сопруга Мелинда се на чело на нивната фондација која што донира 100-ци милиони долари за испитувањето на коронавирусот како и за потрага на вакцина за истиот.

Претходно, оваа година, Гејтс објави и план за елиминирање на коронавирусот – развивање капацитети за производство на вакцина, собирање доволно пари за плаќање на вакцината и создавање систем за глобална дистрибуција на истата.