Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека уште во понеделник наутро Владата ќе се состане на вонредна седница и ќе ги корегира акцизите, што би повлекло намалување на цените на дизелот за 4 денари, а на бензинот 2 денари.

-Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека полека но сигурно истекува попустот што го дава Окта од 3 денари за дизелот ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје.