Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија, го одбележа Меѓународниот ден на жената 2026 со повторно реализирање на серија целосно женски летови на повеќе пазари. Седумдесет жени – пилоти и кабински персонал – одлучија да го прифатат историскиот дух на прославата со изведување летови на 8 март. Ова е дел од постојаната посветеност на авиокомпанијата за промовирање родова разновидност и еднакви можности во авијацијата.
Во светот, жените сочинуваат 4,7% од сите пилоти, 3,1% од инженерите за одржување на авиони и 21,1% од контролорите на воздушен сообраќај . Овие бројки се во остар контраст со генералната работна сила, каде жените сочинуваат 49% на влезно ниво, а дури и во пошироките области на наука, технологија, инженерство и математика, каде жените глобално претставуваат 35% .
Денес, во 10 земји, вклучувајќи ги Унгарија, Обединетото Кралство, Италија, Молдавија, Романија, Германија, Кипар, Грција, Словачка и Северна Македонија, летовите на Wizz Air беа целосно реализирани од жени – пилоти и кабински персонал (капетан, прв офицер и пет кабински членови), заедно со женски претставници на земјените операции, нагласувајќи ја важната улога на жените во сите оперативни функции на авиокомпанијата. Летот од Скопје беше изведен од Мартина Стивенс и Ива Матиќ во пилотската кабина, а Ружица Петрушевска, Сара Насевска, Моника Ристевска, Нора Смилевска и Алек Трајковска како кабинскиот персонал. Целосно женските летови се дел од долгорочна годишна иницијатива воведена од Wizz Air во 2022 година. Оваа година, авиокомпанијата ја прослави по петти пат иницијативата, продолжувајќи ги напорите за подигање на свеста за кариерните можности за жените во авијацијата и за предизвикување на традиционалните родови стереотипи во индустријата.
Wizz Air е посветена на унапредување на родовата разновидност во авијацијата, со континуирано зголемување на уделот на жени во сите функции на авиокомпанијата. Заклучно со март 2026, жените сочинуваат 5,6% од летечкиот персонал на авиокомпанијата, што одразува стабилен раст во изминатата деценија и го поставува Wizz Air меѓу водечките авиокомпании во индустријата . Авиокомпанијата останува посветена на својот долгорочен цел – достигнување на 7% жени пилоти до 2030 година. Жените во кабинскиот персонал веќе сочинуваат 68,5% од работната сила на компанијата.
Овој напредок се поддржува со посветени програми за привлекување и развој на женски талент, како програмата „She Can Fly“. Ова е специјализирана програма во Wizz Air Pilot Academy, насочена кон зголемување на бројот на жени комерцијални пилоти во авијацијата. Покрај оваа програма, Wizz Air ја реализира и иницијативата „Cabin Crew to Pilot“, лансирана во 2022 година, како и „Office to Pilot“, лансирана во 2025 година.
