Стокомак ја слави посветеноста на своите вработени, објави еден од најголемите ланци на макрети во Македонија на својата фејсбук страница.

– По повод Божиќ, речиси 1000 наши вработени добија верски бонус од 5000 денари како признание за нивната посветеност и труд во изминатата година.

Бонусот е наменет за припадниците на христијанската вероисповест.

За нашите вработени муслимани, верскиот бонус ќе биде исплатен пред Рамазан Бајрам.

Среќни празници!

Со почит,
Ваш Стокомак, напишаа од Стокомак.