На 01.01.2025 во 01.45 часот на ул.„Широк сокак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола од двајца 14-годишни малолетници од Битола одзеле околу 100 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
