ОВР Дебар поднесе кривична пријава против маж (33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило. Тој, на 18.11.2025 година во 00,05 часот, кај месноста „Шуланска раскрсница“ во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, управувајќи возило „Волксваген Амарок“ со дебарски регистарски ознаки, удрил во службено полициско моторно возило „Дачиа Дастер“, управувано од полицискиот службеник А.Ш. од Дебар.

Повредени лица нема, а од извршеното алкотестирање, кај 33 годишниот граѓанин констатирани биле 1,86 промили алкохол во крвта по што, веднаш е исклучен од сообраќај и лишен од слобода.