Претседателката на државава, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски денес ги доделија признанијата „Македонски квалитет“ за 2025 година на македонски компании кои даваат значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.
Со признанието за 2025 година се закитија компаниите : Комерцијална банка АД ,Малиќи Груп,Голден Арт,ЛТХ Леарница Дооел Охрид,Пекабеско АД,Боми 10 Логистик ,Нетам Доо ,Еко Логистик Сервис,Кабтел Дооел ,Велидент Трејд,Дамипак Дооел ,односно компании кои континуирано демонстрираат високи стандарди во работењето, стабилен раст, иновативен пристап и доследна грижа за квалитетот на производите и услугите.

Процесот на селекција на добитниците се темели на јасно утврдени критериуми, меѓу кои се: квалитет и сигурност на производите и услугите, финансиска стабилност, деловна етика, вложување во човечки ресурси, имплементација на современи стандарди и системи за управување, како и придонес кон локалната заедница и одржливиот развој. Со тоа, признанието „Македонски квалитет“ претставува објективна и релевантна потврда за извонредност во работењето.

“На крајот на 2025 и во пресрет на 2026 година имаме пријатна задача на единаесет компании да им врачиме признанија доделени од Сојузот на Стопански комори на Македонија, наградите не се случаен подарок туку логичка последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, современи техники и технологии. Компаниите кои ги наградуваме персонифицираат и демонстрираат зрелост и потенцијал кон македонското стопанство да креира оддржливи модели на раст,да генерира иновации и да одржува динамична ,но стабилна бизнис клима ,,истакна преседателката Гордана Соиљановска – Давкова.

Претседателот Горан Ѓорѓиевски истакна ,,Во услови на динамични економски предизвици, глобална конкуренција и брзи технолошки промени, квалитетот останува клучна вредност и основа за долгорочен успех. Во современиот и силно конкурентен свет, квалитетот повеќе не е избор – тој е неопходност. Тој значи доверба од потрошувачите, стабилност на компаниите и долгорочна конкурентност на националната економија.
Компаниите што денеска ги наградуваме се вистински примери за тоа како преку континуирано унапредување, иновации и вложување во човечкиот капитал може да се создаде додадена вредност и позитивно влијание врз општеството. Вашиот успех е доказ дека со визија, одговорност и истрајност може да се постигнат високи резултати. Вие сте инспирација за целото стопанство и важен двигател на економскиот развој на Македонија,,
– беше нагласено на настанот.

Добитниците на признанијата „Македонски квалитет 2025“ со својата посветеност кон континуирано унапредување на процесите, иновациите и корпоративната одговорност придонесуваат не само за сопствениот развој, туку и за јакнење на целокупната македонска економија. Тие се амбасадори на домашниот квалитет и важен партнер во креирањето позитивна деловна клима.

Сојузот на стопански комори на Македонија и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на компаниите, промоција на квалитетот како стратешка определба и создавање услови за зголемена конкурентност и извозна ориентација на македонското стопанство.