Ноемвриската пензија ќе биде исплатена на први декември 2026-та година во понеделник, согласно законот, секогаш пензијата се исплаќа првиот работен ден во месецот.

Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и предвреме, па така нема биде изненадување ако некои од пензионерите пензијата ја примат уште следната недела.

Според новиот Закон следното покачување на пензиите ќе биде во април со мартовската пензија и тоа за илјада денари линеарно за сите, пренесува Centar.mk

Линеарното покачување на пензиите е оспорено законско решение, кое во следниот период ќе биде разгледувано и одлучено по него од Уставниот суд, информира Centar.mk.