Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, каде ги посети погоните на странскиот инвеститор Костал.

Тој искажа задоволство затоа што „Костал“ верува во Охрид, верувал во Македонија, верувал во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

– Станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа, рече Мицкоски.

0 Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу, додаде премиерот.