На 30.09.2026 околу 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат с. Марена – с. Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и велосипед, управуван од 76-годишник од с. Марена, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.