На 17.3.2022, во 23.30 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат А-4 Струмица – Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П. И. (32) од село Гечерлија, Струмичко, и патничко моторно возило „фолксваген поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т. Д. (19) од село Босилово.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот во возилото „поло“, Р. Д. (52) од село Босилово, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.