Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 292 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење на сигурносен појас….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.