Првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ во своето видео обраќање до граѓаните посочува дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

„Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници. Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција, “ вели Маричиќ.

Според Маричиќ, ова ќе се обезбеди низ преговорите, со помош од ЕУ.

„Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе,“ вели Маричиќ.

Тој посоочува дека до крајот на 2025 година очекув за македонското општество, за граѓаните и за државата, да бидат искористени околу 500 милиони евра од ИПА 2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија. А за македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

„Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија,” порачува Маричиќ.