Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 110, непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 46 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.