Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 20 мерки за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.