На 21.09.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 15-годишен малолетник , извести МВР.

По претходно случена сообраќајна несреќа во с.Скудриње и извршен увид, било констатирано дека малолетникот управувал патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола.

Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.