Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, четири за санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за нерегистрирани возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.