Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во околината на Скопје, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот е регистриран во 17:41 часот по локално време, со епицентар на околу 21 километар источно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Граѓани на социјалните мрежи и на EMSC коментираат дека потресот бил краток, но почувствуван во повеќе делови од главниот град и околината.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...