Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 24.03.2022 година регистрираше земјотрес 106 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијатаземјотресот се случи во 06 часот и 15 минути со Рихтерова локалнамагнитуда M L 2.8 и интензитет од III степени според Европскатамакросеизмичкаскала, а беше почувствуван од населението во Битола, Ресени околината.

Првите податоци покажуваат дека земјотресот се случи во 6.15 часот.