Пензиите за месец август ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од заразата. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник). -За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда). -За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток). -За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок).