Неделниот хороскоп од 17 до 23 октомври навестува дека трите знаци од Зодијакот ќе бидат придружени со неверојатна среќа.

Следниве знаци ќе ги надминат сите неволји и ќе постигнат успех:

Бик

Октомври не е особено романтичен за типичните Бикови, но оваа недела ќе биде исклучок. Особено во четврток и петок можат да се надеваат на голема промена на љубовното поле. Слободните добиваат понуда која ќе им ја промени перспективата и разбирањето за романтичните врски. Започнува нова етапа во нивниот живот и до крајот на годината ќе „јаваат“ на овој бран на безгрижност и уживање.

Близнаци

Најповолни денови за припадниците на овој знак ќе бидат среда, четврток и недела. Во овие три дена ќе почувствуваат неверојатна енергија, нема проблем за кој нема да имаат решение! Полето на пари е особено нагласено за Близнаците, нема да им недостасуваат креативни идеи, претпоставените го прифаќаат секој нивен предлог! Браво, ова е недела на голема среќа и раст на кариерата, која е придружена со подобрување на финансиската состојба.

Риби

Претстојната недела за Рибите е екстремна во секој поглед, особено во личниот живот. Ако сте во врска, дури и ако не е особено долга, немојте да се чудите ако партнерот ве запроси или ви предложи да живеете заедно. Петок и сабота се особено поволни. Во текот на оваа недела Рибите ќе се соочат и со предизвици на работа, кои вешто ќе ги надминат и ќе се истакнат пред претпоставените. Ќе создадете одлична основа за нов чекор во вашата кариера.