На 26.10.2026 во СВР Велес, од Центар за социјални работи Велес било пријавено дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен лекарски преглед.
Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.