Цел живот работеле, штеделе, отплаќале кредити и се откажувале од многу работи за да обезбедат сопствен дом. Кога децата пораснале, решиле станот или куќата да им ја препишат уште додека се живи. Верувале дека така ќе го обезбедат семејството и ќе избегнат идни наследни расправии, пишува Centar.mk.

Но, што се случува ако по неколку години односите се нарушат, детето го продаде станот или родителите добијат барање да се иселат?

Ова прашање отвора една од најчувствителните дилеми во семејните имотни односи: дали љубовта и довербата се доволна гаранција дека родителите ќе можат да останат во домот што самите го создале?

Во многу семејства пренесувањето имот на децата се смета за природен чин. Родителите не го доживуваат како обична имотна трансакција. За нив тоа е продолжение на грижата што ја обезбедувале со децении, , пишува Centar.mk.

Но, законот не ги третира сите семејни ветувања на ист начин.

 

Целата анализа прочитајте ја на  Centar.mk.