На 22.10.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со 27-годишник од Кавадарци. Претходно, 54-годишен кавадарчанец пријавил дека ја забележал неговата малолетна ќерка со 27-годишникот, кој имал судско решение за забрана да ја малтретира, вознемирува или на било кој начин да контактира со малолетничката, извести полицијата.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.