Вчера, во 13.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско – Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, патничко возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.