На 19.11.2026 во 10:50 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 40-годишник од с. Србиново, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото без стекнато право за управување моторно возило. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.