На 27.10.2026 во 01:40 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 22-годишник од с.Врапчиште, гостиварско.

При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управува, при што било констатирано дека го управува без важечка возачка дозвола, а возилото било со истечена регистрација.

Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.