Според утринскиот извештај на Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. Интензитетот на движење на возилата надвор од градските средини е умерен.
Поради актуелните врнежи, возачите треба да ја приспособат брзината, особено при движење низ клисури, планински превои и делници на кои постои опасност од одрони.
Со најавеното заладување во текот на денот, неопходно е да се следат и дополнителните сообраќајни известувања, бидејќи условите на патиштата можат брзо да се променат.